Паѓа цената на златото, среброто и нафтата
Азиските индекси регистрираа раст, предводени од јапонските, по силниот пад на јенот во однос на доларот. Златото и нафтата поевтинија, а каматите на 10 – годишните државни обврзници достигнаа највисоко ниво после седум недели.
Индексот MSCI Asia Pacific додаде 0,5 % на својата вредност, додека јапонскиот Nikkei 225 се зголеми за 2,2 %, откако доларот поскапе со 0,4 % во однос на јенот до 99.60 јени.
Фјучерси на американскиот индекс S & P 500 се тргуваат со 0,1 %. Каматите на 10 – годишните државни обврзници достигнаа ниво од 2.77 %.
Златото поевтини за 0,4 % до 1 281 долари за унца, а среброто се намали до најниската вредност од три месеци наваму.
Суровата нафта поевтини за 0,3 % на државните пазари до 94.80 долари за барел за испорака во декември. Денес кинеските лидери завршија со четиридневниот состанок во врска со економските реформи, пренесе Bloomberg.
Можно е кинеските лидери да прогласат контрола врз енергетските цени, како и да го разбијат биполарниот модел во секторот, предопределен од PetroChina Co. и China Petroleum & Chemical Corp.
Јужнокорејскиот Kospi додаде 0,9 % на својата вредност, додека хонгконгскиот индекс отстапи со 0,2%, откако вчера додаде 1,4 % на својата вредност. Кинескиот Шангајски индекс се зголеми за 0,7 %.
Слично
