Паѓа цената на нафтата, но релативно силниот долар спречува поголемо намалување
Заради неизвесноста околу тоа какви ќе бидат резултатите за растот во еврозоната која е во рецесија подолго од една година, цената на нафтата за брза испорака денеска паднаа на водечките берзи.
Американската нафта од Тексас за итна испорака поевтини на берзата во Њујорк за 63 центи и сега изнеусва 106,20 долари за барел, додека пак, договорите за подоцнежна испорака се склучуваат на 106,83 долари или за 72 центи повеќе од вчера.
На втората голема берза во Лондон, нафтата за брза испорака падна за 67 центи, на 107,81 долари за барел, пренесува АП.
Во првата половина од оваа недела доларот зајакна во однос на јапонскиот јен и швајцарскиот франак.
Поради тоа, релативно силниот долар во моментов спречува поголемо поевтинување на нафтата, велат аналитичарите.
