Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓаат каматните стапки во Кипар

Паѓаат каматните стапки во Кипар
Финансиските институции во Кипар се согласиле да ги намалат релативно високите каматни стапки, за да се олесни економскиот притисок врз кредиторите во земјата. Претседателот на централната институција Паникос Деметриадис се состанал со шефовите на кипарските банки, за да разговараат за постепено намалување на каматните стапки со цел ублажување на притисокот врз падот на економијата во рецесија. Учесниците се согласиле да го спроведат предлогот за постепеното намалување на каматите на депозитите од први мај. Примената на овој договор ќе доведе и до пад на каматите на кредитите, соопштува Кипарската централна банка.
Слично

Поврзани вести