Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пага рејтингот на Велика Британија

Пага рејтингот на Велика Британија

Агенцијата за рејтинг „Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Велика Британија од максималниот ААА на АА1.

- Кредитниот рејтинг на Велика Британија е намален поради „замрените“ перспективи на растот на британската економија и „високиот и растечки товар на долгот“, се истакнува во соопштението од „Мудис“.

Но, агенцијата наведува дека и покрај намалувањето на кредитниот рејтинг кредитоспособноста на Велика Британија останува „исклучително висока“, а перспективата е стабилна.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн посочи дека намалувањето на кредитниот рејтинг е „јавна опомена за проблемите со долгот, со што се соочува земјата“.

Слично

Поврзани вести