Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓа продажбата на нови автомобили во Франција

Паѓа продажбата на нови автомобили во Франција
Бројот на регистрирани нови автомобили во Франција продолжува да опаѓа, од како и во февруари се евидентирани за 12,1% помалку регистрации, што, според експертите, укажува на структурална криза на автомобилкиот пазар. Во февруари биле регистрирани 143.366 нови автомобили, од како претходно и во јануари бројот на регистрациите опадна за 15%. Комитетот на француските автомобилски производители оцени дека пазарот на автомобили оваа година ќе забележи намалување на продажбата за пет проценти, иако во првичните прогнози сметаше дека ќе има само стагнација.  
Слично

Поврзани вести