Паѓа продажбата на H&M четири месеци по ред
Шведскиот ланец на модни куќи Hennes & Mauritz (H&M) бележи пад на продажбата во јануари, што е четврти месец по ред. Како што соопштуваат од компанијата, намалената побарувачка на европските пазари силно влијае на продажбата на облека.
Продажбата во локални валути во продавници кои се отворени во последната година, во првиот месец годинава бележат пад од 4%, во споредба со истиот период лани. На најголемиот парзар на H&M –Германија, продажбата е намалена за 6%, покажува извештајот на компанијата.
Вкупната продажба на H&M, која вклучува продажба во нови продавници отворени помалку од една година, се зголеми за 5%. На крајот на јануари компанијата имаше вкупно 2808 модни куќи, во споредба со 2488, истиот месец минатата година.
Слично
