Падот на рускиот БДП во ноември најава за рецесија во 2015
Руската економија месец ноември го заокружила со пад од 0,5 отсто што пак само ги подгреа прогнозите дека земјата ќе влезе во длабока рецесија наредната 2015 година.
Претходно беше соопштено дека на годишно ниво економијата на Русија пораснала за 0,6 отсто.
Како што забележува американскиот весник, „The Wall Street Journal“, намалувањето на рускиот БДП е прво од 2009 година
Во статијата на весникот стои дека почетокот на годината во Русија бил дочекан оптимистично. Во земјата се одржа Олимпијадата во Сочи и цените на нафтата беа доста високи. Потоа се појавија западните санкции, одливот на капитал и наглото намалување на цените на нафтата.
Според анализите на експертите се очекува показателите за декември да бидат понатамошно влошување на економската клима.
Според пишувањата на весникот, во 2015 година Русија ја чека длабока рецесија.
Слично
