Падот на побарувачката на челикот, предизвика нови отпуштања во Британија
Најголемата индиска компанија за производство на челик Тата укинува 900 работни места во своите погони во Велика Британија поради кризата во оваа индустриска гранка. Се затвораат 12 погони во јужен Велс и во англиските области Јоркшир, Западен Мидлендс и Тисајд. Тата инаку само во Велика Британија вработува 19.000 луѓе.
Карл Кохлер, генералниот директор на Тата за Европа вели дека ова е неминовно решение во сегашните услови во кои се наоѓа производството на челик.
Побарувачката за челик во последните пет години е намалена за 25 отсто, а се предвидува натамошно намалување оваа година за уште десет отсто.
Слично
