Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падот на нафтата ја нокаутираше рубљата

Падот на нафтата ја нокаутираше рубљата

Девизниот курс на еврото на почетокот на денешното тргување на Московската берза порасна за 3,01 рубљи, на 81,65 рубљи.

Со тоа го надмина овогодишниот максимум од 81,55 рубљи, достигнат на 30 јануари.

Така скапо еврото не било од 15 декември 2014.

Курсот на доларот на почетокот на денешното тргување на Московската берза скокна за 2,18 рубљи, на вредност од 71,28 рубљи.

На рубљата влијае и падот на цените на нафтата. Цените на нафтата од типот „брент“ за испорака во октомври паднаа 2,62 одсто, на 44,27 долари за барел, минимум од 2009.

Министерот за економски развој на Русија Алексеј  Улјукаев не ја исклучува можноста цените на нафтата да паднат под 40 долари за барел, но на „сосема кратко време“.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев, како причина на падот на рубљата го наведе падот на светските цени на нафтата, девалвација на националната валута на Кина и Казахстан, како и западни санкции.

„Причина за падот на рубљата во последно време е безусловно поврзана со падот на цената на нафтата. Мора да признаам дека тоа е најниска цена на нафтата во последните шест години, но и една од најниските во последните 30-40 години. Не е најниска, но е многу ниска. Таквата состојба со цените на нафтата доведува во слабеење на рубљата“, рекол Медведев.

Слично

Поврзани вести