Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падот на леталото на „Вирџин“ привремено ги стопира плановите за туристички патувања во Вселената?

Падот на леталото на „Вирџин“ привремено ги стопира плановите за туристички патувања во Вселената?
Компанијата „Вирџин галактик“ на милијардерот Ричард Бренсон, чие летало се урна денеска во пустината Мохаве, е предводник на новата вселенска туристичка индустрија. Најмалку 800 луѓе досега уплатиле за свој лет во Вселената, на надморска висина од 45.000 метри, од каде патниците треба да имаат можност да ја погледнат Земјата и да поминат неколку минути во бестежинска состојба. Но, катастрофата на леталото „Спејс Шип 2“ сигурно ги поместува овие планови. Пробните летови на ова летало се одвиваа во пустината Мохаве. Во денешната несреќа едно лице загина, а едно е повредено, според информацијата на калифорниските власти.
Слично

Поврзани вести