Падот на индустриското производство ја наведе Русија да ја намали прогнозата за економски раст
Прогнозата за економски раст денеска ја намали руското министерство за економија за 2013 година од 3,6 проценти на 2,4 проценти, а како причина го наведе падот на индустриското производство и падот на побарувачката на потрошувачите.
Рускиот заменик-министер за економски развој Андреј Клепач, исто така, ја намали прогнозата за директните инвестиции од 6,5 проценти на 4,6 проценти, пренесува Франс Прес.
„Растот на бруто домашниот производ (БДП) оваа година ќе биде 2,4 проценти, инфлацијата ќе изнесува 5,8 проценти, додека одливот на капитал ќе изнесува од 30 до 35 милијарди долари“, додаде тој.
Слично
