Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНАТИ ПОКРИВИ, РАСПУКАНИ ЅИДОВИ, БОЛНИЧАРИ КОИ БЕГААТ ОД БОЛНИЦА, драматични снимки од Индонезија

ПАДНАТИ ПОКРИВИ, РАСПУКАНИ ЅИДОВИ, БОЛНИЧАРИ КОИ БЕГААТ ОД БОЛНИЦА, драматични снимки од Индонезија

Локалните власти од Сианџур, град во Западна Јава, соопштија дека десетици згради, вклучително и куќи, се оштетени, а жителите се евакуирани од безбедносни причини, пренесе агенцијата АП.

- Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Западна Јава во Индонезија се искачи на 56, изјави гувернерот на провинцијата Ридван Камил.


Тој изјави дека спасувачите се обидуваат да стигнат до областите блокирани од лизгање на земјиштето.

На социјалните мрежи веќе се појавуваат снимки и фотографии од штетата која ја предизвика земјотресот, а точните бројки на повредени и починати допрва ќе се утврдува. 



Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести