Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНАЛ ОД КРУЗЕР, А ПОСЛЕ 15 ЧАСА ИМ МАВТАЛ НА СПАСУВАЧИТЕ ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ВОДА - феномен досега незапаметен од несреќа при крстарење

ПАДНАЛ ОД КРУЗЕР, А ПОСЛЕ 15 ЧАСА ИМ МАВТАЛ НА СПАСУВАЧИТЕ ДА ГО ИЗВАДАТ ОД ВОДА - феномен досега незапаметен од несреќа при крстарење

Патник кој исчезна од брод за крстарење во Мексиканскиот залив е спасен по повеќе од 15 часа на море, соопшти американската крајбрежна стража, пренесува Би-би-си.

28-годишниот маж бил во барот на Carnival Valor со својата сестра во средата вечерта, но не се вратил откако отишол во тоалет.

Неколку спасувачки тимови ја пребараа областа и мажот конечно беше забележан во четвртокот вечерта, на околу 20 милји (30 километри) од брегот на Луизијана. Велат дека е стабилен.

„Никогаш не сум видел такво нешто во мојата кариера“

Поручник на американската крајбрежна стража изјавил дека патникот бил во вода повеќе од 15 часа, најдолго за што слушнал, па затоа смета дека тоа е чудо. Во изјава за Си-Ен-Ен, тој рече дека никогаш не видел нешто слично во неговата 17-годишна кариера. „Среќниот исход покажува дека волјата за живот мора да се земе предвид при секоја потрага и секое спасување“, додаде тој.

Се уште не е јасно како патникот паднал во водата од бродот за крстарење.

Би-Би-Си потсетува дека во 2018 година, 46-годишна Британка била спасена 10 часа откако паднала од брод за крстарење во Јадранското Море. Тогаш се пишуваше дека му рекла на спасител дека за да биде во фома и помогнала јогата, а за да престане да чувствува студ во водата - пеела.

Текст и видео: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести