ПАДНАЛ ДОДЕКА ЏОГИРАЛ, ДЕНЕСКА НЕМА СРЕДБИ СО НИКОГО - еве што му се случило на германскиот канцелар
Германскиот канцелар Олаф Шолц паднал додека џогирал и си го повредил лицето.
Поради тоа тој ги откажа средбите планирани за викендов, соопшти германската влада.
Владата соопшти дека 65-годишниот германски лидер доживеал „помала спортска несреќа“ и се откажани состаноците закажани за недела во регионот Хесен, каде што се одржуваат локалните избори на 10 октомври.
Во профилот на веб-страницата на неговата партија, Шолц напиша дека го мразел спортот кога бил на училиште, но дека го засакал под влијание на неговата сопруга Брита Ернст.
„Денес џогирам толку често колку што можам“, вели тој на веб-страницата, а во истиот дел се наведува дека се труди да најде време за трчање, веслање или пешачење два или три пати неделно, како и уживање во возење велосипед.
Шолц е германски канцелар од декември 2021 година, а претходно беше министер за финансии и градоначалник на Хамбург.
