Паднаа жртви во немирите во Казахстан
Казахстанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека осум полицајци и членови на националната гарда загинале во немирите, а повеќе од 300 се повредени. Од Министерството не објавија бројки за цивилни жртви.
Војниците и демонстрантите се судрија во Казахстан додека САД и ОН повикуваат на „воздржаност“.
Насилните протести во Казахстан поради зголемувањето на цените на горивата продолжија трет ден по ред.
Протестите во Казахстан започнаа со почетокот на новата година и ескалираа во судири со полицијата во средата, кога владата прогласи вонредна состојба на национално ниво.
Властите го прекинаа пристапот до интернет и мобилни телефони на национално ниво и претходно прогласија вонредна состојба во центрите на протестите, финансискиот главен град Алмати и провинцијата Мангистау.
Вонредната состојба беше прогласена и во главниот град Нур-Султан, а подоцна беше проширена низ целата поранешна советска земја.
