Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паднаа жртви во Миколаев, има најмалку седум загинати, а 22 се повредени

Паднаа жртви во Миколаев, има најмалку седум загинати, а 22 се повредени

Во ракетен напад врз зграда на регионалната администрација во украинскиот град Миколаев има најмалку седум загинати, а 22 се повредени. Информацијата ја потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој кажа дека во Миколаев немало воени цели и дека луѓето во тој град не претставуваат никаква закана за Русија. Од под урнатините спасувачите извлекле 18 ранети. Службите за итни случаи продолжуваат да работат на местото на настанот. 

Во Турција се одржа новата рунда преговори меѓу Украина и Русија.  На 24 минатиот месец, Русија ја почна инвазијата на Украина. 
Слично

Поврзани вести