Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паднаа терминските цени на нафтата

Паднаа терминските цени на нафтата

Терминските цени на нафтата во текот на денешното тргување во Азија паднаа,  во очекување на исходот од заседувањето на американската централна банка (Фед) и објавување на извештајот за залихите на нафта во Сад.

Американската „лесна“ нафта  (WTI) за испорака во септември поефтинила на Њујоршката берза девет центи на 47,89 долари, додека нафтата од типот „брент“ за септемвриската испорака во Лондон поефтинила 12 центи на 53,18 долари.

Фералниот комитет за операции на отворениот пазар (FOMC) на крајот на денешното заседание ќе издаде официјално соопштение, а инвеститорите очекуваат јасен сигнал поврзан за временскиот период на подигање на референтната каматна стапка.

„Инвеститорите ќе обратат внимание на текстот на соопштението на FOMC, барајќи потврда за временскиот период на првото подигање на каматната стапка“, се наведува во соопштението на сингапурската Јунајтед оверсајз банка.

Пазарот, исто така, е фокусирано на објавувањето на извештајот за минатонеделните залихи на нафта во САД.

Слично

Поврзани вести