Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Паднаа“ првите жртви на невремето во Европа

„Паднаа“ првите жртви на невремето во Европа

Властите во Холандија соопштија дека три лица загинале во градовите Олст, Фурен и Енсхеде во невремето.

Ветрови со брзина од 140 километри на час предизвикаа хаос во сообраќајот, превртуваа камиони и корнеа стебла. Откажани се многу летови, а на аеродромите владее хаос. 

Во  делови на Белгија, вклучувајќи го и Брисел, беше прогласена портокалова тревога, втора највисока, поради силни ветрови, а беше затворено пристаништето во Гент.

Наставата во училиштата во делови на Германија е откажана поради невремето во северозападна Европа. 

Во Велика Британија илјадници домови останале без струја, а силниот ветер откорнал и неколку стебла.

Слично е и во Шкотска, каде што е издадено предупредување за возачите поради силниот ветер, снег и мраз.

Силните ветрови создадоа проблеми и кај јужниот сосед. 

Еден ферибот во близина на Пиреја упаднал во бура и во тек е операција за негово извлекување. Урагански ветрови утрово ги оставија фериботите закотвени на главните пристаништа во Грција - Пиреја, Рафина и Лаврион, јавија локалните медиуми.

Слично

Поврзани вести