Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паднаа и првите жртви во Иран

Паднаа и првите жртви во Иран

Антивладините протести во Иран, тргнуваат од северот на земјата и полека се шират низ целата држава. 

Реакцијата на режимот  е жестокa, при што има десетици уапсени, а вчера паднаа и првите жртви меѓу демонстрантите. 

Иранската револуционерна гарда отворила оган во градот Доруду во иранската покраина Лорестан, при што се убиени двајца учесници на протестот, додека локалните медиуми пишуваат за најмалку 6 жртви. 

Вицегувернерот на покраината Лорестан, обвини за дејствување на непријателски групи и агенти на странски служби. Негираше дека безбедносните сили пукале, но медиумите на терен, информираат за вооружени безбедносни сили кои се вмешале во протестите отварајќи оган врз толпата народ. 

Протестите почнаа на 28 декември во градот Машхед, светиот шиитски центар во Иран. Протестот почна поради наглото поскапување од преку 50 проценти на цената на јајцата и пилешкото месо, но слоганите многу набрзо станаа политички.

Слично

Поврзани вести