ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Кој бил вооружен во близина на резиденцијата на Камала Харис
Еден човек е уапсен во САД, кој бил вооружен во близина на резиденцијата на американскиот потпретседател Камала Харис.
Тој бил уапсен од агенти на тајната служба, а станува збор за триесет и едногодишниот Пол Марија од Сан Антонио, Тексас.
Во неговото возило биле пронајдени пушка и муниција, беше наведено во соопштението на полицијата, а веста ја пренесе ABC News.
Камала Харис во моментов не живее во резиденцијата, бидејќи реновирањето е во тек.
Извор: агенции
Фото: Фејсбук-официјален профил Камала Харис
Слично
