Падна руски MiG-29, загина пилотот
Борбен авион на руската војска MiG-29 паднал утрово во близина на градот Астрахан на југот од европскиот дел на Русија, соопшти Воената авијација на Русија.
Командатот на овие сили, генерал Виктор Бондарев, им рекол на новинарите дека во падот на авионот MiG-29 загинал пилотот.
Воената авијација на Русија моментално спроведува истрага, а според прелиминарните податоци, до падот на леталото дошло поради механички дефект, изјавил генералот Бондарев.
Слично
