Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна рекордна добивка на лотаријата Евроџекпот!

Падна рекордна добивка на лотаријата Евроџекпот!
Најголемата добивка во историјата на лутаријата Евроџекпот, во износ од цели 61,2 милиони евра, му припадна на среќен добитник од Финска. Тој ги погодил броевите: 2, 9, 17, 25 и 29, како и дополнителните броеви 3 и 5. Финска е очигледно најсреќната европска земја, бидејќи и досега нејзини жители го држеа рекордот во добивка на Евроџекпот од 57,3 милиони евра. Стануваше збор за десетмина добитници кои заедно го уплатиле среќното ливче. Лотаријата Евроџекпот се игра во 14 европски држави - Финска, Хрватска, Данска, Норвешка, Шведска, Холандија, Германија, Естонија, Исланд, Италија, Литванија, Летонија, Шпанија и во Словенија.  
Слично

Поврзани вести