„ПАДНА“ ПРЕСТОЛНИНАТА НА ЏИХАДИСТИТЕ: Ослободена е целосно од терористи!
Град Рака во Сирија е целосно ослободен од присуството на џихадистичката група „Исламска држава“.
Веста ја објави телевизијата Ал Арабија.
Рака беше главното упориште на ИД во Сирија.
Како што пренесе Ал Арабија, последните џихадисти кои останале во градот и се предале на курдско-арапската коалиција Сириски демократски сили, која е поддржана од САД.
Операцијата за преземање на Рака започна на 6 јуни.
Градот од 2013 година е под контрола на исламистите, а во 2016 година коалицијата предводена од САД почна операција за ослободување.Во петокот руското Министерство за одбрана соопшти дека џихадистите контролираат само 8% од територијата на Сирија.
Рускиот Генералштаб тогаш соопшти дека фактички војната во Сирија е завршена.
Слично
