ПАДНА ОД ЧЕТВРТИ KАТ: Силен ветер однел жена од тераса
Силен ветер денеска однесе жена од тераса во Шахтјорск, град на пацифичкиот остров Сахалин во Русија.
Жената на возраст од 65 години била на терасата за да запали цигара, кога ветрот ја оддувал по што таа паднала од четвртиот кат во длабок снег. Таа од падот скршила рака, три ребра и претрпела потрес на мозокот, но сепак дебелиот снег го ублажил падот и не дошло до посериозни повреди.
Амбулантното возило не можело да пристигне до неа поради снегот, па жената била пренесена до болиница во багер.
Снежното невреме што го зафати Сахалин беше проследено со ветрови со брзина од дури 150 километри на час.
Слично
