Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНА МИЛИЈАРДСКИ ДОГОВОР: Никнува најголемото казино во Европа

ПАДНА МИЛИЈАРДСКИ ДОГОВОР: Никнува најголемото казино во Европа

Кипар постигна договор со еден меѓународен конзорциум за изградба, според зборовите на претставници, најголемо казино во Европа.

Кипарскиот министер за енергетика, економија и туризам Јоргос Лакотрипис при потпишувањето на договорот рекол дека казиното, кое ќе се наоѓа во одморалишто во Лемесос ќе чини повеќе од милијарда евра и ќе вработи околу 4000 луѓе.

Лакотрипис оценил дека казиното во таа островска земја ќе привлече околу 300 000 нови туристи годишно.

Во казиното ќе има 136 столови и 1 200 апарати за коцкање. Придружениот луксузен хотел ќе има 500 соби, а четири помали казина ќе се отворат во други кипарски градови.

Партнерот на Владата на Кипар во тој бизнис е конзорциумот кој го сочинуваат фирмите "Melco International", "Hard Rock" и домашните "CNS Group".

Слично

Поврзани вести