ПАДНА ЛИСИЧАНСК-ПОТВРДИ КИЕВ: Украинската армија се повлече од последниот најважен град за Русите
Украинската армија потврди дека градот Лисичанск паднал во
рацете на руските сили, откако рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го
известил Путин дека со воспоставување целосна контрола врз тој град „Луганската
Народна Република (ЛНР) е ослободена.
И украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа потврди дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас, но најави и дека ќе ја вратат контролата врз таа област со армиска тактика и ново оружје.
„Ако командантите на нашата армија ги повлечат луѓето од одредени точки на фронтот каде што непријателот има вооружена супериорност, а тоа важи и за Лисичанск, тоа значи само едно“, рече Зеленски во вечерното обраќање. „Ќе се вратиме благодарение на нашата тактика и ако ја забрзаме испораката на модерно оружје“, додаде тој.
Според наводите на Ројтерс, украинската воена команда синоќа соопшти дека нејзините сили под силен налет на руската армија биле принудени да се повлечат од источниот град Лисичанск, последното упориште на Киев во областа Луганск.
„Продолжувањето на одбраната на градот би довело до фатални последици. Со цел да се зачуваат животите на украинските бранители, донесена е одлука за повлекување“, се вели во соопштението на воената команда на Украина.
ФОТО: EPA/IVAN BOBERSKYY