Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Падна“ кумот на најмоќниот италијански мафијашки клан

„Падна“ кумот на најмоќниот италијански мафијашки клан

Италијанската полиција го уапсила денеска избеганиот водач на мафијашкиот клан Ндрангета со седиште во Калабрија, Роко Барбаро, кој се наоѓа на листата најбарани личности во Италија.

Роко Барбаро (52) е уапсен во куќата на една од своите ќерки во Калабрија, пренесоа светските агенции.

Тој бил во бегство од 2015 година кога во Милан против него е издаден налог за апсење поради мафијашка завера и незаконски имот, а неговиот клан важи за водечки во трговијата со кокаин во Ломбардија и Калабрија.

Министерот за внатрешни работи Марко Минити рекол дека неговото апсење е резултат на интензивна истрага. 

Ндрангета, најбогатиот и најмоќен мафијашки клан во Италија, ја контролира европската трговија со кокаин, напоменуваат италијанските медиуми.

Слично

Поврзани вести