Падна крв на изборите во Бразил!
Едно 20-годишно момче за застрелано на гласачко место за време на денешниот втор круг од изборите за претседател на Бразил. Момчето чекало ред пред гласачко место, а го убило непознато лице кое стоело непосредно во негова близина во редот за гласање.
Како што соопшти бразилската полиција, се верува дека мотив за инцидентот е пресметка неповрзана со изборите.
„Напаѓачот пукал во момчето и веднаш избегал. Претпоставуваме дека се работи за одмазда и дека не е поврзано со гласањето“, соопшти полицијата, иако гласањето ба ова гласачко место било запрено.
Околу 143 милиони бразилски гласачки денеска избираат претседател на државата, меѓу актуелната носителка на оваа функција Дилма Русеф и кандидатот на опозицијата, економистот од социјалдемократската паритја Есио Невес.
Анкетите предност и даваат на Русеф, а првите резултати од изборите се очекуваат во текот на ноќта.
За обезбедување на изборите се распоредени 400.000 војници и полицајци, од кои 35.000 во Рио де Жанеиро, каде во текот на неделата имаше жестоки судири меѓу полицијата и дилерите на дрога.
Слично
