Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНА ДОГОВОР?! Преговорите меѓу Израел и Хамас завршија, Катар објави ударна вест!

ПАДНА ДОГОВОР?! Преговорите меѓу Израел и Хамас завршија, Катар објави ударна вест!

Преговорите за примирјето меѓу Израел и Хамас завршија, а параметрите на договорот ќе бидат познати подоцна, соопшти катарското Министерство за надворешни работи.

– Преговорите стигнаа до крајот, но не можеме да дадеме никакви детали додека не се постигне конечен договор – рече тој.

Претходно шефот на политичкото крило на движењето Хамас што владее со Појасот Газа, Исмаил Ханије, најави напредок во разговорите за условите за прекин на огнот. Катар е посредник во преговарачкиот процес.

Според Вашингтон пост, станува збор за петдневна пауза во борбите внатре во енклавата во замена за ослободување на заложниците.

Би-би-си јавува дека Израел се уште не се изјаснил за ова прашање, но АФП ги добила деталите од договорот, кои се:

- Петдневно примирје кое ќе вклучи прекин на огнот во копнените борби и ограничување на израелските воздушни операции над јужниот дел на Појасот Газа.

- Палестинските екстремистички организации би ослободиле 50 до 100 заложници, израелски цивили или припадници на други националности, но не и израелски војници.

- За возврат, 300 Палестинци, меѓу кои и жени и деца, би биле ослободени од израелските затвори.


Слично

Поврзани вести