Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна цената на нафтата

Падна цената на нафтата
Денеска цената на нафтата падна под 94 долари за барел, во очекување на економските податоци од Соединетите Американски Држави. Американската „лесна“ нафта  за терминска испорака во јули поевтини на Трговската берза во Њујорк за 60 центи на 93,55 долари за барел, додека во исто време на берзата во Лондон еден барел северноморска нафта од типот „брент“ поевтини за 11 центи на 102,51 долари. Официјален извештај за индустриското производство во втората најголема светска економија би требало да биде објавен на крајот на оваа недела. САД денеска треба да ги претстави податоците околу цените на куќите и довербата на потрошувачите во таа земја, додека податоците околу растот на бруто домашниот производ во првото тримесечје ќе биде објавен во четврток.
Слично

Поврзани вести