Пад на вредноста на акциите на Епл
Вредноста на акциите на американската информатичка компанија Епл забележа најголем пад на затворањето на Волстрит од крајот на 2008 година. Вредноста на акциите падна за 6,43 отсто, на 538,79 долари на Њујоршката берза, пренесоа француски електронски медиуми. Епл изгуби над 35 милијарди долари само на трговската сеанса во средата. Се работи за најлоша перформанса на тој производител на уредот Ајфон и Ајпед од 17 декември 2008 година кога е забележан пад за 6,57 отсто.
Слично
