ПАД НА РУСКИОТ АВИОН: Што сними американскиот сателит?
Неколку моменти пред падот на рускиот авион во Египет американскиот сателит со инфрацрвени сензори детектирал бран на топлина над Синај.
Тоа би можело да значи дека леталото на компанијата Колавија со 224 патници и членови на екипажот паднало откако експлодирал внатре.
Американски разузнавачки служби веруваат дека извор на топлотен бран била експлозија на бомба или резервоарот за гориво, пренесува NBC news.
Податоците соберени од истиот сателит ги демантирале шпекулациите дека ракета го погодила авионот бидејќи не е детектиран топлотен бран кој проектилите секако би морале да го произведат по исфрлањето, било од земја , било од воздух.
Сепак, челниците на Пентагон наведоа дека бранот на топлина кој го забележал сателитот не мора нужно да биде во врска со несреќата на рускиот авион, туку дека е можно да е детектиран импулс на регуларни бројни активности, кои се многу силни во тој дел на Египет, со оглед на тоа дека на Синајскиот полуостров се наоѓаат бројни терористички групи.
Истрагата за најголемата авионска несреќа во историјата на Русија е во тек, но претставници истакнуваат дека е премногу рано да се донесуваат било какви заклучоци и поради тоа не отфрлаат ниту една моќна теорија, а ги има доста, од онаа дека се случила техничка грешка, преку бомба во леталото, до тоа дали џихадистите се одговорни за падот на Ербасовиот авион од типот А321-200.
Рускиот авион кој со 224 патници и членови на екипажот се урна во Египет имал необично летање неколку минути пред падот на Синајскиот полуостров.
