Пад на профитот на „Рено“ за 15,3%
Францускиот производител на автомобили „Рено“ забележа пад на нето профитот од 15,35 на 1,77 милијарди евра, пренесуваат француските медиуми. Меѓутоа, според медиумите полвината од оваа сума е остварена по добивката од продажбата на уделот во шведската компанија „Волво“.
„Рено“ оствари значително подобри резултати во однос на големиот ривал „Пежо“, кој во 2012 година забележа загуба од дури 5 милијарди евра. Вредноста на акциите на „Рено“ порасна за 6,47% на 45,98 евра, додека капиталната добивка од продажбата на уделот во „Волво“ изнесувала 924 милиони евра.
Слично
