Пад на продажбата на персонални компјутери во светот
Продажбата на персонални компјутери во светот, веќе е загрозена од таблетите и паметните телефони и падна повеќе од предвиденото, пред се поради слабоста на кинескиот пазар, објави меѓународниот Центар за маркетиншки истражувања и информатичко-комуникациска технологија ИДЦ: Мерките на кинеската влада воведени за лимитирање на потрошувачката за време на кинеската Нова година и буџетските резови влијаеа на падот на испораките на компјутери во Кина во февруари оваа година, се наведува во соопштението на ИДЦ кое го пренесе францускиот весник Капитал.
Слично
