Пад на невработеноста во Германија
Невработеноста во Германија во јануари неочекувано опадна, бидејќи пазарот на труд во земјата се уште добро се држи, наспроти должничката криза во еврозоната, јавуваат германските медиуми.
Вкупната невработеност пак минатиот месец е зголемена, но за тоа се заслужни сезонските фактори, наведува Сојузната агенција за труд.
„Неповолните економски услови не влијаеа многу на пазарот на трудот. Најновиот раст на невработеноста е забележан исклучиво поради сезонските фактори“, рече директорот на агенцијата Франк-Јирген Вајсе.
Слично
