Рецесијата во Франција се продлабочува, индустриското производство во надолна линија
Француското индустриско производство се намали повеќе од очекуваното во јануари, откако втората по големина економија во еврозоната е на работ на својата трета рецесија во последните 4 години, соопштува Bloomberg.
Производството во француските фабрики, рудници и претпријатија за комунални услуги се намали за 1,2% на месечна основа, откриваат податоците на националниот статистички институт во Париз. Економисти кои учествувале во истражувањето на Bloomberg, очекуваале пад од 0,2%.
Падотги илустрира тешкотиите со кои се соочува францускиот претседател Франсоа Оланд во напорите да ја заживее економијата, западната во рецесија во почетокот на 2012 година. Производството на фабриките се намали за 1,4% во јануари. Најсериозен е падот во автомобилскиот сектор.
Слично
