Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на економијата во Германија

Пад на економијата во Германија
За 0,6 отсто се намалила економијата на Германија во последниот квартал од 2012 година, повеќе од поголемиот дел од предвидувањата на економистите, а тоа е јасен знак дека европската финанска криза го зела данокот и во најголемата економија во Европа.
Ова намалување во последните три месеци е последица од  падот на извозот, бидејќи била намалена побарувачката во другите европски земји од кои многу се во рецесија, соопштила германската Сојузна канцеларија за статистика.
Германија во голема мера зависи од извозот во другите европски земји, а како се зголемиле економските потешкотии во Шпанија, Италија, па и во Франција и Велика Британија, се намалила и побарувачката за индустриските производи со висок квалитет. Поголемиот број економисти предвидуваат дека падот во последниот квартал од минатата година ќе изнесува меѓу 0,4 и 0,5 отсто.
Слично

Поврзани вести