Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на цените на становите во Франција

Пад на цените на становите во Франција
Цената на становите во изградба во Франција во третиот квартал паднале за 0,2 отсто, покажуваат податоците кои ги објави францускиот национален институт INSEE. Цената на куќите во тој период се намалени за 0,4 отсто, додека цените на становите се сепак зголемени, и тоа за 0,1 отсто во однос на претходните три месеци, пренесува во своето соопштение INSEE, објавува Ројтерс. Во однос на истиот квартал лани, цените на станбените објекти на францускиот пазар опаднале за 1,4 отсто, 1,6 отсто за куќите и 1,2 отсто за становите. Во регионот на Париз дошло до пад на квартално ниво од 0,3 отсто, при што становите се поевтини за 0,6 отсто, а куќите поскапеле за 0,3 отсто. Што се однесува до Париз, цената на користените станови во третиот квартал паднала за 0,5 отсто во однос на претходното тромесечие, односно 2,1 отсто на годишно ниво. Во внатрешноста цените паднале за 0,1 отсто, 0,5 отсто за куќи, 0,5 отсто за станови, додека во однос на истиот квартал лани опаднале за 1,5 отсто, 0,8 за станови и 1,8 отсто за куќи.  
Слично

Поврзани вести