Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на цената на биткоинот поради нови апсења во САД

Пад на цената на биткоинот поради нови апсења во САД
Министерството за правда на САД соопшти дека Роберт Фаела, познат како BTCKing, и Чарли Шрем од BitInstant.com биле уапсени и обвинети за перење пари, пренесува ВВС. Според зборовите на властите и двајцата учествувале во шемата за продажба биткоини во вредност од повеќе од 1 милион долари на корисниците на онлајн порталот Silk Road. Минатата година сајтот беше затворен, а неговиот сопственик беше уапсен. Очигледно темната страна на дигиталната валута се манифестира повторно, поради што следуваат и апсења. Шрем бил уапсен на аеродромот "Кенеди" во Њујорк. Во понеделникот тој требаше да се појави во судот. Фаела пак бил уапсен во неговиот дом во Кејп Корал, Флорида. Шрем е обвинет за вршење притисок над Фаела за користење на BitInstant.com за нарачка на огромно количество биткоини кои требало да им бидат продадени на корисниците на Silk Road, кои анонимно купувале дрога преку страницата. Властите велат дека Шрeм знаел дека биткоините се користат за слични цели. Поради оваа причина тој го прекршил Законот за банкарска тајна. Се бара финансиските институции во САД да ги известуваат властите за секоја активност која претставува причина за сомневање дека станува збор за перење пари. Чарли Шрем е основач и потпретседател на Bitcoin Foundation - здружение што го заштитува биткоинот во својство на алтернативна валута. BitInstant пак е една од најголемите платформи за размена на биткоини на интернет. По објавувањето на веста цената на биткоинот падна до 964 долари пред повторно да се покачи до 974 долари. Информацијата за цените е актуелна до 21:25 часот вчера по македонско време. Претходно цената на дигиталната валута на платформата Bitstamp падна до 773 долари пред да се качи до 800 долари, пишува MarketWatch. К.К.
Слично

Поврзани вести