Пад на акциите на Wall Street трет ден по ред
Tрет ден по ред цените на акциите на Wall Street паѓаат , бидејќи инвеститорите стравуваат дека ФЕД може наскоро да почне да ги намалува монетарните стимулативни програми кои долго време го поддржуваат растот на пазарот.
Dow Jones падна за 0,31 отсто на 15.470 поени, додека S&P 500 се намали за 0,38проценти до 1690 поени. Nasdaq композитниот индекс се намали за 0,32 проценти до 3654 поени.
Падот на цените на акциите е поради неизвесноста на инвеститорите, бидејќи американската централна банка во септември би можела да ја намали програмата за откуп на хипотекарните обврзници кои во моментов изнесуваат 85 милијарди долари месечно.
Слично
