ПАЦИЕНТИ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, СÉ ПОЖЕСТОКИ НАПАДИТЕ НА БОЛНИЦА АЛ-ШИФА: Видеата се вознемирувачки
Организацијата Лекари
без граници денеска објави, по извештаите за силно гранатирање во близина на
медицинскиот комплекс Ал-Шифа во Појасот Газа, дека изгубила контакт со својот
персонал ангажиран во таа здравствена установа.
- Во текот на последните неколку часа драматично се интензивираа нападите врз болницата Ал-Шифа. Персоналот на Лекари без граници во таа болница пријавил катастрофална состојба внатре во болничкиот комплекс – соопшти хуманитарната организација утрово во 03:43 часот по локално време на Твитер.
Во соопштението
се изразува екстремна загриженост за безбедноста на персоналот и пациентите во
болницата Ал-Шифа, од кои некои се во критична состојба и не можат да се движат
или да се евакуираат, пренесува Си-Ен-Ен.
- Има пациенти на кои им е потребна операција. Има пациенти кои лежат и се лекуваат во нашето одделение. Не можеме да ги евакуираме и да ги оставиме овие луѓе внатре. Како лекар, се колнам дека ќе им помогнам на луѓето на кои им е потребна помош - изјави д-р Мохамед Обеид, хирург во болницата Ал-Шифа.
ФОТО: EPA-EFE/HAITHAM IMAD