ПАЦИЕНТИ КОИ ИМАЛЕ ТРАНСПЛАНТАЦИЈА, ХЕМОТЕРАПИЈА, ПРВИ КАНДИДАТИ ЗА ТРЕТА ДОЗА: Потребна им е дополнителна доза
Водечкиот
американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи оценува дека на
вакцинираните Американци чиј имунолошки систем е загрозен, може да им треба
дополнителна доза на вакцината против ковид-19, пренесува Ројтерс, посочувајќи
дека САД се соочуваат со раст на заразени со делта варијантата.
Во интервју за Си-Ен-Ен, Фаучи рече дека станува збор за „пациенти кои имале трансплантација, кои биле подложени на хемотерапија за рак, кои имаат автоимуни заболувања, кои се на имунотерапија“, велејќи дека тие биле првите кандидати за „евентуално трета ревакцинација“, што веројатно ќе следи.
Тој истакна дека здравствените експерти „активно размислуваат“ и дали треба да се воведат упатства за носење маски и за вакцинираните Американци.
Укажувајќи на студии кои покажуваат дека можеби имало пад на имунитетот на луѓето кои биле вакцинирани, Фаучи рече дека здравствените власти на САД ги анализираат податоците за да утврдат кога ќе биде потребна ревакцинација.
