Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пациент конечно оздраве по 411 дена со статус позитивен на корона

Пациент конечно оздраве по 411 дена со статус позитивен на корона

Британецот кој 411 дена беше болен од ковид-19 конечно e негативен. 

Се работи за 59-годишен пациент кој заболел од раната верзија на Ковид-19 и не можел да се ослободи од инфекцијата поради слаб имунолошки систем по трансплантацијата на бубрег. Тој е личност која најдолго во светот била заразена со вирусот и преживеала, пишува словенечкиот портал „24ur“.

Пациентот, кој имаше ослабен имунолошки систем по трансплантација на бубрег, беше позитивен за првпат во декември 2020 година. Кај него ги снемало симптомите на инфекција, тој беше позитивен до јануари оваа година. Лекарите утврдиле дека 59-годишникот бил заразен со рана верзија на оригиналниот вид Вухан, кој подоцна бил заменет со алфа, делта и омикрон верзии. Истиот тим лекари бил во контакт со пациент кој починал по 505 дена позитивни тестови. Вирусот се појави во Вухан во Кина во 2019 година, а потоа се прошири во целиот свет и тој мутираше, односно се појавија различни соеви. 

Слично

Поврзани вести