ОЗОНСКА ТЕРАПИЈА СО ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ: Ја применуваат шпански лекари
Последните проценки на експертите се дека терапијата со озон кај пациенти болни од Ковид-19 ќе го намали бројот на смртните случаи. Истовремено, оценуваат дека и хоспитализацијата ќе биде покуса.
Дел од лекарите во Шпанија кои дадоа изјави за телевизијата „Миленио“ велат дека ова се уште не е признаено од СЗО, но, станува збор за технологија која користи медицински озон што пациентите го примаат интравенозно. Велат дека следува големо клиничко испитување со цел техниката да биде и научно препознаена како уште една терапија во лекувањето на болните од новиот корона вирус.
- Се прават клинички испитувања во Вухан, но има и одлични резултати во Италија. Ова ќе претставува намалување на 80% од пациентите кои имаат потреба од интубација, што дава надеж за намалување на бројот на смртни случаи и должината на времето што пациентите треба да го поминат во болници, изјави за шпанската ТВ Миленио, д-р Хозе Баеса, потпретседател на Светската федерација за озонска терапија.
