Економија, финансии, бизнис

Контакт

ОЗДРАВЕ, ПА СЕГА ПАК Е ПОЗИТИВЕН - американскиот претседател се враќа во изолација, ќе мора да отседи уште пет дена

ОЗДРАВЕ, ПА СЕГА ПАК Е ПОЗИТИВЕН - американскиот претседател се враќа во изолација, ќе мора да отседи уште пет дена

Американскиот претседател Џо Бајден повторно е позитивен на корона вирусот, нешто повеќе од три дена откако доби дозвола да излезе од изолација поради претходна инфекција, соопшти Белата куќа.

Лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор рече дека Бајден е „симптоматичен и се чувствува прилично добро“.

Во согласност со упатствата на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Бајден повторно ќе мора да биде во изолација најмалку пет дена.

Според Центарот, повеќето случаи на враќање на инфекцијата остануваат благи и во тој период не се манифестираат тешки симптоми.

Слично

Поврзани вести