Озборн: ЕУ да се промени за да остане Велика Британија во неа
Европската Унија треба да се промени за да остане Велика Британија во неа,изјавил британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, пишува Wall Street Journal.
-Британците се многу разочарани од ЕУ, имаат чувство дека премногу одлуки се донесуваат за нив. Нашите граѓани се прашуваат дали може навистина Брисел да одлучи за најбитните проблеми и да создаде вработување и просперитет “, истакнува тој.
Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон повтори дека неговата земја е подобра како дел од ЕУ, кон која се приклучи во 1973 година, за да обезбеди пристап до европскиот единствен пазар, кој е од витално значење за британската економија и за да има глас во управувањето со Унијата.
Европскиот економски и монетарен комесар Оли Рен беше последниот кој изрази стравување, за излегување на Велика Британија од унијата, наведувајќи дека за земјата ќе е подобро да учествува во донесувањето на одлуки од страна на ЕУ на највисоко ниво.
Изјавата наиде на слични коментари од германски пратеници, официјални лица од САД, ирскиот премиер Енда Кени, како и отвореното писмо од група британски бизнисмени. На крајот на минатата година германската канцеларка Меркел најави дека ќе направи се што е во нејзина моќ за да ја задржи Велика Британија во ЕУ.
Слично
