Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oxford Street: На Boxing Day заработиле 3,5 милијарди евра

Oxford Street: На Boxing Day заработиле 3,5 милијарди евра
Продавниците во главната улица во Лондон оствариле рекордна заработка од 3,5 милијарди евра и тоа само за еден ден, во текот на т.н. Boxing Day. Во текот на распродажбата, која во Велика Британија, Австралија, Канада, Нов Зеланд и уште некои земји од Комонвелтот, се случува ден после Божик, на 26. декември, и се вика Boxing Day, купувачите можеле да набават работи за дури 80 отсто поевтини. Boxing Day првобитно бил ден кога слугите добивале подароци од всоите газди. Називот го добил по кутија (на англиски box), која во црква се користи за добротворни прилози. Во Америка најголемите попусти владеат на Црн петок, ден по Денот на благодарноста. Трговската улица Oxford Street во британската престолнина ја посетиле 120.000 луѓе, купувајчи на големо од снижената роба во блиските продавници.  
Слично

Поврзани вести