Овој детал го спречи напаѓачот од Берлин да убие повеќе луѓе
Германските истражители утврдија дека во последните минути е спречено да има многу поголем број на жртви при нападот во Берлин на Божиќен базар.
Како што е познато Анис Амри од Тунис со камион згази 12 луѓе, а десетици повреди.
Според најновите информации, камионот Сканиа на полска компанија имал вграден систем на автоматско кочење кој се активира при удар.
Се верува дека со тоа е скратен патот на камионот за 70-80 метри, а со тоа се спасени многу животи.
Тоа се потврдува и со фактот што камионот кој го управувал напаѓачот од Ница немал ваков систем и тој успеал да стигне до толпата и да убие повеќе луѓе.
Тајните служби го следеле Амри и знаеле дека на интернет барал експлозив.
Слично
