Овие земји владеат со светот...
Тие владеат со светот - земјите со најголеми природни ресурси.
Бразил - 21.8 трилиони долари
Бразил обезбедува над 12% од светските резерви на дрво, кој е главен ресурс. Земјата е на 2-ро место во светот по производство на железо. Постојат значителни наоѓалишта на злато, ураниум и нафта.
Кина - 23 трилиони долари
Јагленот и ретки земни метали сочинуваат околу 90% од природните богатства на Кина. Дрвото е друг основен ресурс за азиската држава.
Иран - 27.3 трилиони долари
Иран поседува 10% од светските резерви на нафта и 16% од полињата на природен гас. Овие два ресурси го сочинуваат главниот дел од природните богатства на земјата, но извозот неодамна им беше ограничен поради ембарго.
Канада - 33.2 трилиони долари
Канада поседува 17,8% од светските резерви на нафта. Земјата е втора по наоѓалишта на ураниум, а исто така е и третиот најголем производител на дрва. Постојат и значителни резерви на фосфати и природен гас.
Саудиска Арабија - 34.4 трилиони долари
Саудиска Арабија е лидер по наоѓалишта на нафта. 20% од светските резерви се наоѓаат на територијата на земјата. Кон тоа ги додаваме и големите наоѓалишта на природен гас, кои се на 5-то место во светот.
САД - 45 трилиони долари
Земјата поседува над 31% од светските резерви на јаглен, како и огромни количества дрва. Заслужуваат внимание и полињата со нафта, природен гас, злато и бакарна руда.
Русија - 75 трилиони долари
Русија ја предводи листата со значителна предност. Земјата располага со бројни природни богатства, вклучувајќи јаглен, нафта, природен гас, злато и дрво. На 2-ро место е по екстракција на ретки метали.
