Економија, финансии, бизнис

Контакт

Овие земји со огради ги штитат границите

Овие земји со огради ги штитат границите

Во светот постојат 66 ѕида за заштита на границите. 

Вакви огради има и на Балканот, но и во други земји. 

До уривањето на берлинскиот ѕид во светот имало само 16 ѕидови, но нивното издигање драстично се зголеми во последнава деценија. 

Меѓу 2006 и 2010 година САД подигнаа над илјада километри ограда по границата со Мексико за да спречат незаконска миграција и шверц на дрога.

Пред два месеца и Франција го заврши 4 метри високиот ѕид за да спречи незаконски мигранти да преминуваат кон Велика Британија. 

Ѕидови и бариери се поставени и од Израел и Индија. Меѓу 1993 и 2013 година Индија изгради ѕид на границата со Бангладеш  долг речиси 4.000 км за да запре шверц, незаконска миграција и упади на вооружени групи. Во 2014 година Израел заврши со градење бариера долга 242 км по границата со Египет. Во последните месеци 17 км од ѕидот се направени повисоко и тоа од 5 на 8 метри.

Бугарија подигна 30 ­километарска ограда на границата со Турција лани, додека пред пет години Грција подигна метална бариера со должина од 10 километри покрај реката Еврос на границата со Турција. 

Во Унгарија пред две години беше подигната ограда со висина од 4 метри долж границата со Србија, а лани и долж границата со Хрватска. Словенија постави бодликава жица долга 150 километри на граница со Хрватска. 

Најстарата ограда во светот е 2,700 км долгиот ѕид од песок што ја одвојува мароканската од територијата под контрола на бунтовници на Полисарио пред 7 децении. 


Слично

Поврзани вести